НФО ВО СПОРТ

РЕ-АКЦИЈА!

Времетраење: 50 минути
Целна група: Постари од 15 години – применливо за сите спортови
Големина на група: Најмалку 8 учесници
Човечки ресурси: Еден фасилитатор на активностите
Потребен простор: Отворен простор (спортски терен, голема просторија или надвор)
Потребни материјали:
– Топки, конуси и друга спортска опрема која може да биде употребена како реквизит/помошно средтво:
Сценарија

 

    Цели на сесијата:
    • Да се промовира почит и здрава конкуренција
    • Да се поттикне разбирањето на олимписките вредности

     

    Опис:

    Чекор 1 (10 минути)
    Објаснете ја активноста:
    • Учесниците се поделени во 2 групи. Двете групи ќе настапат како „актери“ и „публика“ во кружен циклус.
    • Секоја група добива сценарио кое ќе треба да го изведе, додека другата група ќе биде публика.
    • Откако едната група ќе го изврши својот чин за прв пат, почнуваат повторно да го изведуваат. Меѓутоа, сега втората група која дејствува како публика може да скокне и да го промени сценариото со плескање со рацете (така „актерите“ застануваат со активноста и чекаат дадена личност да им се придружи во чинот). Овој процес продолжува се додека двете групи не се согласат дека создале завршница што е прифатена од мнозинството.

    Чекор 2 (30 минути)
    Започнете ја активноста:
    • Поделете ги учесниците во 2 групи и дајте на секоја група по едно сценарио.
    • Одредете 10 минути да се подготват како група.
    • Секоја група има уште 5 минути за да настапи за прв пат.
    • Секоја група има уште 15 минути да настапи по втор пат со интервенциите од публиката.
    • Следува втората група.

     

    Краток разговор (10 минути)

    Откако ќе заврши активноста, групата треба да го започне процесот на анализа:
    • Како се чувствуваа за време на активноста?
    • Дали забележале некакви проблематични прашања во сценаријата?
    • Дали овие сценарија ја отсликуваат спортската реалност?
    • Кои вредности треба да се почитуваат во спортот?
    • Дали се запознаени со олимписките и параолимписките вредности?
    Овие прашања се само индикативни- можете да ги менувате, додавате нови или елиминирате некои, по ваш избор.

    Сценарија

    Тим 1

    Локалната екипа игра со противничката екипа на соседниот град. Ова е важен настан во градот и сите со нетрпение го очекуваат. Локалните играчи разговараат за тоа колку се вознемирени и под стрес да се претстават во добро светло. Доаѓа време и атмосферата на терен навистина се вжештува! Домашниот тим МОРА да победи! На теренот влегуваат подготвени да дадат се од себе, и се особено конкурентски настроени кога ќе се сретнат со противничкиот тим. Толпата е со нив и почнува да ги исвиркува играчите од гостинскиот тим, кои изгледаат малку исплашени од тензичната атмосфера. Наместо да ја смират толпата, локалното население почнува повеќе да ги провоцира и ситуацијата ескалира. На теренот се фрлаат неколку предмети и судиите одлучуваат да ја прекинат играта. Всушност, еден предмет удира во раката на еден од гостинските играчи и тој не може да го продолжи натпреварот. Никој од публиката не му приоѓа да го поддржи – наместо тоа, се чини дека навистина уживаат!

    Тим 2
    Локалниот училишен тим се подготвува за годишната Училишна спортска лига каде учениците од сите училишта имаат шанса да учествуваат во различни спортови. Алберт се занимава со спорт со години, но има и ограничен вид поради проблеми со очите. Сепак, тој отсекогаш се занимавал со спорт охрабрен од неговите родители и неговата попреченост никогаш не го спречила да напредува. Сепак, ова ќе му биде прво учество на официјално натпреварување и е многу скептичен и исплашен. Некои од неговите соученици-познати насилници на училиштето – се обидуваат да го исмејат и да го обесхрабрат да се натпреварува, тврдејќи дека никогаш нема да успее. Алберт е обесхрабрен од ваквото однесување, бидејќи сите други спортисти дефинитивно би биле поуспешни од него и одлучува да се откаже.

     

    Корисни информации:

    Олимписки вредности

    Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ги дефинира трите олимписки вредности:
    • Извонредност – некој што прави најдобро што може, во спортот и во животот. Станува збор за учество и стремеж за подобрување, а не само за победа.
    • Пријателство – користење на спортот за развивање на толеранција и разбирање меѓу сите луѓе – учесниците, гледачите и граѓаните воопшто.
    • Почитување – обѕир кон себе, другите и пошироката околина. Тоа вклучува почитување на правилата на спортот и оние кои се задолжени да ги спроведуваат.

    Параолимписки вредности

    Меѓународниот параолимписки комитет (ИПЦ) ги дефинира четирите параолимписки вредности:
    • Храброст – некој што се издигнува над просечноста и ја покажува својата вистинска вредност.
    • Одлучност – некој кој се доведува себеси до крјната граница на издржливст за да го постигне она што го наумил.
    • Инспирација – да се биде позитивен модел – некој што ги користи своите достигнувања за да го води патот за другите.
    • Еднаквост – признавање дека луѓето имаат еднаква вредност без оглед на нивните разлики и преземање акција за надминување на предрасудите и дискриминацијата.