НФО ВО СПОРТ

Искуствено учење: Патување

Неформалното образование по дефиниција е поврзано со искуственото учење – и спортовите исто така! Во ова поглавје ќе одиме низ процеост на искуственото учење, влијанието кое го има врз учениците и чекорите кои треба да ги следиме со цел да постигнеме добри резултати.

Двата пристапи бараат активно учество и вклученост на целната група (млади луѓе – млади спортисти), кои споделуваат, решаваат задачи, разменуваат мислења и од нив се бара да достигнат одредени цели за да процесот биде успешен. Без разлика дали станува збор за НФО тренинг за човековите права при што од учесниците се бара да создадат одредена содржина или станува збор за фудбалски натпревар во кој спортистите е потребно да извојуваат победа, искуственото учење преовладува во процесот!

И…знаете што?! Искуственото учење во себе вклучува……учење од сопственото искуство! Да, знаеме дека тоа и не е некоја новост, но има многу нешта кои треба да се истражат и се задскриени позади оваа едноставна и -претпоставуваме – површна изјава!

Тоа што навистина се случува во пристапот на искуственото учење е дека искуството кое го создаваме и го стекнуваме во текот на процесот се задржува во нашите мисли и подоцна ни помага да се сетиме на информацијата и да ги запаметиме фактите. Со оглед на кажаното, за да го проверите ова, обидете се да си поставите предизвик! Дали подобро се присетувате на лекција од час по историја, или на Вашите чувства и научените лекции за време на некое патување во планините организирано од страна на твоето училиште? Нема потреба да се одговори на ова прашање! Точно знаеме каков ќе биде одговорот!

Неформалното учење содржи активности од искуственото учење кои поттикнуваат голем број на различни вештини и способности. На искуственото учење се гледа како на процес составен од четири чекори. Согласно теоријата на Дејвид Колб, не е важно она што Ви се случува туку како го применувате тоа што Ви се случува. Затоа е клучно да се помине низ сите четири етапи од процесот на искуственото учење, за да бидеме во можност на крајот да дојдеме до целосната слика, да стекнеме знаења и вештини и потоа да се чувствуваме доволно сигурни соодветно да ги употребуваме во нашиот понатамошен живот.

Повеќето тренинг методи и активности на неформалното образование следат сличен процес на изведба и доживувања предизвикани од некоја активност или серија на случки, чувствува и начин на гледање на самиот себеси и останатите вклучени во процесот, потоа навраќајќи се на истото тоа искуство, извлекувајќи заклучоци и практично применувајќи го она што е научено.

Циклусот на учење на Колб (1984) ги прикажува четирите чекори од процесот на искуственото учење, кое ги содржи следните четири елементи:

ЗНАЕЊЕ – концепти, факти и информации добиени преку формалното учење и претходното искуство
АКТИВНОСТ – примена на знаењето во услови на „реалниот свет“
РЕФЛЕКТИРАЊЕ – анализа и синтеза на знаењето и активности за креирање ново знаење