Спорт во НФО

Млади и спорт

Според официјалната дефиниција на Советот на Европа, „спорт“ подразбира секаква форма на физичка активност која, преку неформално и организирано учество, има за цел изразување или подобрување на физичката спремност и менталното здравје, формирање на друштвени односи или постигнување на резултати при натпревари на сите нивоа. Има широк спектар на активности кои може да се сметаат дека се спортски активности, вклучувајќи организирани спортски клубови, училишно физичко образование, како и неформални активности како што се игралиштата. Ова значи дека речиси секој човек во светот практикувал спорт во некоја форма во текот на својот живот. Придобивките од практицирање спорт за младите се во фокус на интерес на многубројни истражувања објавени во последните неколку децении. Идентификувани се многу предности и истите може да се поделат во неколку категории: Емоционален развој, интелектуален развој, физички развој, психолошки развој и социјален развој.

Спортот е важно средство за развој на младите на повеќе нивоа. Физичките и емоционалните придобивки за младиот организам се несомнени, а највоочливите се: зголемена моторичка способност, намален индекс на телесна маса, здрави навики во исхраната, подобро расположение, намалена депресија и анксиозност итн.

Спортот нуди стимулативна средина за учење за развој на социјални вештини и животни компетенции. Практикувањето спорт на рана возраст може да ги подобри добрите работни навики, да поттикне одговорно однесување и способност за решавање проблеми. Освен тоа, може да помогне во стекнување на важни вештини како што се лидерство, соработка, фер-плеј и тимски дух.

%

of young Europeans are involved with sports clubs

Еден аналитички извештај објавен во 2012 открива дека скоро 35% од младите во Европа биле вклучени во спортски клубови во тек на изминативе 12 месеци. Забележливо е дека резултатите варираат по држави, од највисоко учество од скоро 60% забележано во Холандија, по што следат Франција, Белгија и Германија со околу 50%. Најниско учество на младите во спортски клубови, далеку под просекот на ЕУ, е утврдено во Романија, Полска, Кипар и Бугарија. Ваквите драстични разлики меѓу земјите бараат ова прашање да се решава на различни нивоа, и на тој начин да се обезбедат еднакви можности, како и пристап до знаење и информации. Слични податоци за Република Србија не се достапни, но постојат истражувања направени за потребите на изработката на Националната стратегија за спорт која ги опфаќа навиките на целото население. Овие податоци откриваат вознемирувачки бројки, односно дека 56% од српското население никогаш не практикувало спорт. Ова е дополнителна причина да се посветиме на оваа тема преку едукативни методи.

Не само што е многу корисен за индивидуалниот раст, туку спортот може да биде одличен метод за зближување на заедницата. Ова се постигнува не само преку спортување туку и преку навивање, бидејќи луѓето од различна возраст, средина или потекло се поврзуваат со иста цел. На пример, спортските клубови поврзуваат различни генерации преку нивните младински секции кои вклучуваат цели семејства на организирани натпревари и настани.

Како одлична развојна метода, спортот е препознаен и на многу повисоко ниво. Постои силна корелација помеѓу спортот и сите 17 цели на одржлив развој донесени од Обединетите нации во нивната агенда za 2030 година. Силата на спортот e неспорна кога се работи за борба против родовата нееднаквост, преиспитување на стереотипите и наметнатите социјални улоги, додека истовремено се креира безбедна средина и за момчињата и за девојчињата. Промоцијата на мирот и спречувањето на конфликти може да се поттикнат само преку глобалното внимание посветено на спортот. Освен тоа, неговиот универзален јазик претставува вреден канал за интегрирање на новодојдените во друштвото.