Спорт во  НФО

• ЗАМЕНИ ГИ ОЧИЛАТА

Краток преглед: Ова е активност на отворено за време на која учесниците ги истражуваат спортските можности и препреките на одредено место од перспектива на маргинализирани луѓе.

Категории на компетенции:
– Комуникација на мајчин јазик/странски јазик
– Социјални и општествени компетенции, еднаквост
– Културолошка свест, солидарност, инклузија
– Чувство за иницијатива, претприемништво, проактивност

Времетраење: 3 часа и 20 минути
Целна група: 16 и повеќе годии
Учесници: 12-30 учесници

Материјали и опкружување: 

– Стари очила кои веќе ги имате или ќе ги купите во продавница за користени работи
– Топка за фудбал, кошарка, одбојка – по една за секој спорт
– Мобилни телефони за фотографирање
– Компјутер и проектор

Подготовка:

Обезбедете доволно очила или рамки. Можете исто така да користите очила за пливање или скијање како забавна асоцијација на повеќе спортови.

Детален опис:

Чекор 01 – Разменете мислења со целата група за да ги идентификувате маргинализираните категории за оваа активност. Тоа може да бидат лица со попреченост, мигранти или новодојдени во градот, некои други социјални групи како што се деца на самохрани родители итн. (20 мин.)
Чекор 02 – Побарајте од секој учесник да избере една улога. Објаснете им на учесниците дека задачата не е да ја имитираат улогата што ја избрале, туку да ја набљудуваат околината и да замислат низ какви ситуации би поминале во оваа улога. Како би било кога би биле во кожата на таа личност?

Чекор 03 – Поделете ги учесниците во три групи врз основа на три спорта (кошарка, фудбал и одбојка). Објаснете им дека нивната задача е да излезат, да ја истражуваат околината и да се обидат да играат одреден спорт. Целта е да се утврди дали има спортски терени, колку се блиску, дали се достапни за секого и дали има други пречки за маргинализираните луѓе. Кажете им на учесниците дека ако не најдат официјален терен во близина, можат да се обидат да играат во импровизирана безбедна средина организирајќи се самите.
Чекор 04 – Замолете ги учесниците да ја користат својата имагинација што е можно повеќе и да не ги набљудуваат само физичките аспекти на спортот. Тие, исто така, треба да размислуваат за организациските и социјалните аспекти со кои може да се соочат одредени групи.
Чекор 05 – Учесниците имаат задача и да прават фотографии за да ги документираат нивните заклучоци. Фотографиите се споделуваат по враќање на учесниците назад и не треба да содржат никаков наслов. Секоја фотографија претставува одредена маргинализирана група.
Чекор 06 – Поделете ги очилата на учесниците. Испратете ги надвор да ја извршат доделената активност. (2 часа)
Чекор 07 – По враќањето, покажете ги фотографиите без наслов на сите учесници за да можат да погодат која фотографија е поврзана со која маргинализирана група. После тоа, замолете го секој тим да го претстави и објасни својот поглед на фотографиите. (30 мин)
Чекор 08 – Барање повратна информација (30 мин)
Продолжете со презентирање фотографии/изложба или отворена структурирана дискусија. Поставете им ги на учесниците следниве прашања:
– Што се случи? Дали уживавте во активноста? Зошто? Зошто не?
– Што Ве изненадија многу од заклучоците до кои дојдовте?
– Зошто го избравте овој пример?
– Како би ја оцениле достапноста на спортот што го практикувавте за луѓе кои припаѓаат на одредена маргинализирана група?
– Какви претходни идеи и стереотипи имавте за личноста чија улога ја избравте? Какво влијание имаа тие идеи на начинот на кој ја водевте активноста и на она што „одбравте да го видите“?
– Дали оваа вежба ви овозможи да чувствувате емпатија за маргинализираните луѓе?
– Што научивте за себе?