Спорт во НФО

Постојат следниве четири стилови на учење:

  • Асимилирачки – личноста е фокусирана на идеи и апстрактни концепти. Нејзините способности за учење лежат помеѓу апстрактната концептуализација и рефлективното набљудување. Тој смета дека прецизноста на теоретските концепти е многу важна. Нивната најголема предност е индуктивното размислување;
  • Дивергентен – неговата суштина е помеѓу конкретно искуство и рефлективно набљудување. Овој тип на личност има силна имагинација и свесност за вредностите. Најдобро функционира во променлива средина која бара менување на идеите;
  • Конвергентен – спротивен на дивергентниот стил. Овие луѓе се продуктивни, добри во решавање на проблеми и донесување одлуки. За нив од големо значење се конкретни решенија и брзо извршување на задачи;
  • Прилагодлив – нагласено конкретно искуство и активно експериментирање. Овие луѓе се страствени и најмногу ги ценат новите искуства. Тие се многу прилагодливи на новите околности и подготвени се да ризикуваат.

Овие димензии или стилови на учење сè уште се предмет на дебата и предмет на многу истражувања толку многу години по воведувањето на овој концепт. Студиите ги истражуваа врските помеѓу стиловите на учење и афинитетот на луѓето кон универзитетско образование, како и нивните перформанси за време на нивните студии. Во студијата од 2001 година на Бирн и Линос (Byrne and Lyons ) заклучокот беше дека постои корелација помеѓу стиловите на учење и изборот на предмети меѓу студентите, како и дека оние кои претпочитаат конвергентен стил избираат програми и курсеви кои се во согласност со претпоставката дека овој тип на ученици е повеќе склон кон компјутерската наука. Други пак го истражуваа развојот на специфичните „меки“ вештини на учениците и колку нивната употреба влијае на напредокот, како и преферираните стилови на учење.

Сепак, не постои истражување кое доволно дистинктивно ќе ја одреди корелацијата помеѓу стиловите на учење и спортот. Неколку студии кои постојат се фокусирани на професионални спортисти или оние кои се стремат да станат такви. Размената на млади може да биде добра средина каде подобро би се воспоставила врската помеѓу спортот како дел од неформалното образование и преферираните стилови на учење кај поединци.

Во таа насока, се препорачува да се истражат профилите на учесниците пред настанот или на самиот негов почеток според методот даден во Анекс 1 од овој документ. Документот за учество на активностите од Вашата НВО треба да им се испрати на учесниците откако ќе ги известите дека нивните апликации се прифатени. Побарајте од учесниците да ги следат упатствата што им се дадени и да ви ги испратат нивните одговори кои ќе ви помогнат да ги креирате нивните индивидуални профили и да добиете идеја за тоа кои пристапи и стилови на учење им одговараат. На овој начин можете да креирате и профил на целата група.

Од друга страна, различни реакции на учесниците во текот на активноста може да се евидентираат и измерат со помош на рефлективно набљудување и евалуација. Соберете го овој материјал за да можете по завршување на програмата да ги одредите афинитетите на учесниците кон одредени активности врз основа на нивните преферирани стилови на учење. Увидот во оваа информација може да ви биде корисен во иднина кога дизајнирате настани кои користат спортска методологија.