ТРАНС-НАЦИОНАЛЕН СОСТАНОК ВО СКЛОП НА ПРОЕКТОТ “INTHROUGH” ОДРЖАН ВО ВАРАЖДИН, ХРВАТСКА

Вториот транс-национален состанок во рамките на проектот “INThROugh – power of cross-sectoral synergy between education and sport” беше одржан во Вараждин, Хрватска, од 21ви до 23ти октомври, 2021. На состанокот присуствуваа претставници на шесте партнер организации и спортски клубови во рамките на проектот (НВО Либеро, НВО Интеркултура, НВО EduNorth, Фудбалски клуб Винер, Одбојкарски клуб Kitro и Кошаркарски клуб Церак) , кои доаѓаат од Србија, Хрватска и Северна Македонија.

Овој транс-национален состанок беше посветен на вештини за градење на grassroot спортски клубови и организации за користење на неформално образование во нивната работа. Учесниците имаа можност да се запознаат и да работат заедно на проширување на знаењата на основите на учење преку искуства, неформални циклуси на учење, меѓукултурни дијалози и градење на мир преку спортот, како и спроведување тематски младински размени во спортскиот сектор. Откако се запознаа со принципите на НФО и точките за учење, учесниците на состанокот продолжија со развивање на методологии за спортски клубови и организации за користење на НФО во grassroot спорт. Овие новоразвиени методологии ќе бидат пилотирани во дневната работа на 3 спортски клубови во рамките на проектот Конзорциум, со менторство и поддршка на трите граѓански организации. Резултатите од пилотирањето на методологиите ќе бидат презентирани во извештај и ќе бидат анализирани со цел дополнително да се подобрат овие методологии во наредните месеци.   

Овој проект е поддржан од Erasmus + програмата на Европската Унија.