ВОДЕЧКИ

ПРИНЦИПИ

На оваа страна можете да ги истражите водечките принципи кои ја формираат основата на INThROugh мрежата.

ПРИНЦИПИ

ПРОМОВИРАЊЕ
ЕВРОПСКИ ВРЕДНОСТИ
СИНЕРГИЈА
ЈАЗИК
ОБРАЗОВАНИЕ
УЧЕСТВО

INThROugh мрежата е посветена на промовирање на меѓукултурниот дијалог и зајакнување на европскиот проект меѓу сите граѓани – особено младите. Ние веруваме дека ова е клучно за иднината на Европа.    

Членовите на Мрежата силно веруваат дека вградувањето на европските вредности во животот на локалните заедници и младите претставува основа на општествениот и индивидуалниот развој и претставува клучен чекор кон постигнување инклузивно европско граѓанство.

Крос-секторна синергија помеѓу grassroot спорт и образование е моќна движечка сила за решавање и трансформирање на општествение и транс-националните предизвици. Затоа ние сме решени да ја поддржиме соработката и синергијата на сите релевантни засегнати страни на локално ниво – спортските клубови, младинските организации и локалните власти.

Спортот претставува неутрален јазик кој е разбирлив за сите млади, без разлика од нивната етничка, религиозна, културна или економска припадност. Тој е исто еден од најомилените и најефективните форми на активизам кај младите, па затоа игра многу важна улога во нивното социјално образование.

Образованието во и преку спорт може значително да ја крене свеста на младите во однос на големите предизвици со кои се соочуваме сите и да ги поддржи во остварувањето на доживотните образовни цели за засилена солидарност и толеранција, како и зголемено разбирање на вредностите на еднаквост, различност и мир.

Ние веруваме дека младинското учество и ангажирање во спортови и физички активности за подобрување на здравјето треба да се зголеми во Хрватска, Северна Македонија и Србија, имајќи во предвид дека ова ниво на учество е пониско од просекот на ЕУ. Активно учество во спортски активности помага во заштитата и подобрувањето на физичкото и менталното здравје на младите.

ПИСМО ЗА НАМЕРИ

Водечките принципи се сумирани во Писмото за намери потпишано од претставници на локални власти, спортски клубови и младински организации од Хрватска, Северна Македонија и Србија.

Проектот "INThROugh - Power of cross-sectoral synergy between education and sport" е кофинансиран од Erasmus+ програмата на Европската Унија.