Intro sport
НОВИОТ ХАБ
Целта на проектот
Оваа платформа е развиена во рамките на проектот „IN/ThROugh – power of cross-sectoral synergy between education and sport“ со цел да понуди простор каде спортските клубови и младинските организации ќе го разменуваат нивното знаење, вештини и искуства со цел да се искористи едукацијата во и преку “мали” спортови како алатка за промовирање на европските вредности и справување со жестоките предизвици.
Платформата содржи два интерактивни водичи кои ќе им помагаат на младинските огранизации и локалните спортски клубови да ги изградат нивните капацитети за интегрирање спортови и неформално образование, правејќи ги подостапни за голем број на млади луѓе. Исто така, спортскиот клуб или организацијата ќе може да аплицира за членство во INThROugh мрежата, со што ќе се градат интернационални партнерства и врски.
Проектот „INThROugh“ е кофинансиран од Erasmus+ програмата на Европската Унија.
ПРИДОБИВКИ ЗА МЛАДИНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ
1. ИМПЛЕМНТИРАЈТЕ СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО ВАШАТА РАБОТА
Спортските и физичките активности може да ви помогнат да го направите неформалното образование што го испорачувате попривлечно, интересно и атрактивно за млади луѓе, со што ќе се зголемат придобивките што им ги нудите.
2. ГРАДИ СОРАБОТКА СО ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ И СПОРТСКИ КЛУБОВИ
Оваа платформа собира спортски клубови и младински организации чија заедничка цел е да се подобри употребата на образованието во и преку спортот. Искористи ја можноста да стапиш во контакт со нив и да изградиш плодна соработка.
3. ДОСТИГНЕТЕ ПОВЕЌЕ МЛАДИ ЛУЃЕ
Понекогаш не е лесно за младинските активности да достигнат повеќе нови активисти и волонтери помеѓу младите луѓе. Затоа спортските клубови може да бидат места каде може да се фокусирате на регрутирање на нови членови.
Дали знаевте?
Просечно, има 1 спортски клуб на 500 луѓе во Европа
Дали знаевте?
Erasmus+ програмата ќе обезбеди повеќе од 130.000.000 евра за финансирање на спортскиот сектор помеѓу 2021 и 2027.
Дали знаевте?
%
Околу 42% од луѓето во Европа практикуваат некоја физичка активност или спорт барем еднаш неделно
1. ИНТЕГРИРАЈ НФО ВО ТВОЈАТА РАБОТА
Со интегрирање на неформално образование во твојата работа, ќе можеш да го користиш спортот како алатка за подобрување на знаењата и стекнување со вештини на младите луѓе, со што ќе придонесете на нивниот интелектуален и физички развој.
2. ГРАДИ СОРАБОТКА СО ДРУГИ СПОРТСКИ КЛУБОВИ
Во оваа платформа ќе најдете контакт информации на спортски клубови од цела Европа кои ги имаат истите вредности и визија како вас. Слободно стапете во контакт со нив!
3. МОТИВИРАЈТЕ ПОВЕЌЕ МЛАДИ ЛУЃЕ ДА СТАНАТ ФИЗИЧКИ АКТИВНИ
Младинските организации нудат база на активни млади луѓе од кои многумина би биле заинтересирани да учествуваат во спортските активности што ги нуди вашиот клуб. Оваа платформа ви нуди можност да се поврзете и да изградите соработка со овие организации.
ПРИДОБИВКИ ЗА СПОРТСКИТЕ КЛУБОВИ
Проектот "INThROugh - Power of cross-sectoral synergy between education and sport" е кофинансиран од Erasmus+ програмата на Европската Унија.