Како дел од “INThROugh” проектот, првата меѓународна средба беше одржана во Белград од 17ти февруари до 19ти, 2021. На средбата присуствуваа членови на конзорциумот на овој проект – НВО Либеро (Србија), НВО Интеркултура (Северна Македонија), НВО EduNorth (Хрватска), Фудбалски клуб Винер (Северна Македонија), Одбојкарски клуб Kitro (Хрватска) и Кошаркарски клуб Церак (Србија). Главната цел на оваа средба беше да се постигнат конечни договори за тоа како да се имплементира проектот. Беше спроведена детална анализа на капацитетите на партнерите на проектот со цел да се идентификуваат аспектите на работата кои можат да се подобрат со споделување на искуства и знаења меѓу членови на конзорциумот.
“INThROugh” проектот се спроведува со цел да се зајакне меѓусекторската соработка помеѓу младинските организации и спортските клубови со цел да се изградат нивните капацитети за користење на неформално образование преку спорт на локално ниво како алатка за промовирање на европските вредности и надминување на сегашните транс-национални предизвици.
Овој проект е поддржан од Erasmus + програмата на Европската Унија.