INTHROUGH E

ГЛОКАЛЕН

 

На оваа страна можете да пристапите до препораки за полиси на локалните власти за промовирање на неформланото образование во и преку спорт. Овие препораки се направени да бидат имплементирани на локално ниво, но исто така и дистрибутирани глобално со цел да се зголеми нивниот досег и нивното влијание. Со комбинирање на глобално и локално INThROugh стана глокален. Ова исто значи дека нашите препораки се применливи во сите европски земји.

ПРЕПОРАКИ ЗА ЛОКАЛНИ ПОЛИСИ

Во “INThROugh” проектот беше развиен сет од препораки за полиси засновани на докази и претставен до локалните власти за тие да бидат вклучени во нивните Младински акциски планови. Целта на овие препораки е да се даде импулс на локалните власти и засегнатите страни во обезбедувањето пристап на младите луѓе до образовани во и преку спортот.

ПРИДОБИВКИ ОД ПРЕПОРАКИ ЗА ЛОКАЛНИ ПОЛИСИ

ПРОМОВИРАЊЕ НА НЕФОРМАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Препораките се залагаат за поголемо препознавање и примена на неформалното образование, особено во и преку спортот.

УПАТСТВА ЗА ЛОКАЛНИТЕ ЗАСЕГНАТИ СТРАНИ

Нашите препораки за полиси нудат упаство за локалните засегнати страни за како да се подобри пристапот на младите луѓе до образование во и преку спортот кој е насочен кон промовирање европски проект и подобрување на интеркултурниот дијалог.

ЗАСИЛУВАЊЕ НА МЛАДИНСКОТО УЧЕСТВО ВО СПОРТОТ

Една од целите на препораките за локални полиси е да се промовира и засили младинското учество во спорт и физички активности кои претставуваат клучен чекор во нивниот ментален и физички развој и благосостојба.

КРОС-СЕКТОРСКА И ТРАНС-НАЦИОНАЛНА СОРАБОТКА

Преку препораките и проектот ние ги повикуваме властите, клубовите, организациите и другите засегнати страни да изградат взаемна соработка за креирање на локални и интернационални можности за образование на млади луѓе во и преку спорт.

ВОВЕДНИ ПРЕПОРАКИ ЗА ПОЛИТИКА

Препораки за локални полиси развиени во рамките на овој проект се сумирани во документ кој е јавно достапен и може да биде превземан преку линкот подолу.

Проектот "INThROugh - Power of cross-sectoral synergy between education and sport" е кофинансиран од Erasmus+ програмата на Европската Унија.