INThROUGH

МРЕЖА

ЗА МРЕЖАТА

INThROugh Мрежата е креирана со цел да се соберат спортските клубови, граѓанските организации и другите засегнати страни кои работат на поттикнување на употреба на “grassroots” спортови во промовирање на европските вредности, обезбедувањето на интеркултурен дијалог и справувањето со жестоки транс-национални предизвици. Секој член на мрежата е наведен во овој сектор на платформата за сите посетители да можат да ги пребарат нивните контакт детали и да стапат во контакт со нив.

НАШАТА ПРИКАЗНА

КАКО ЗАПОЧНА МРЕЖАТА

Идејата за формирање на оваа мрежа се роди во рамките на проектниот конзорциум на INThROugh проектот. Конзорциумот се состои од НВО Libero и Кошаркарскиот клуб Церак од Србија; НВО EduNorth и Одбојкарскиот клуб Китро од Хрватска, и НВО Interkultura и Фудбалскиот клуб Винер од Северна Македонија.

ПРИДОБИВКИ ОД СТАНУВАЊЕ НА ЧЛЕН

Ако Вашата работа е насочена кон подобрување на образованието во и преку спорт, добредојдени сте да аплицирате за членство во мрежата. Има неколку придобивки што ќе ги добие вашата организација или спортски клуб со тоа што ќе станете член.

✓ ЗНАЕЊЕ

Членовите на мрежата се посветени да споделат искуства, знаења и добра практита помеѓу себе со цел да се обезбеди взаемен раст и развој.

✓ ИНИЦИЈАТИВИ

Со тоа што ќе станете член, вие ќе можете да поднесете иницијатива насочена кон искористувањето на спортот како алатка за неформално образование на локално, национално или транс-национално ниво.

✓ СОРАБОТКА

Спортските клубови и организациите кои се во мрежата ги делат истите вредности и визии како и вас. Сега можете да ги контактирате лесно и да почнете да градите партнерстсва.

✓ ПРОМОЦИЈА

Направете ја вашата работа видлива за посетителите на платформата со тоа што ќе им овозможите да ја посетат вашата веб-страница или да стапат во контакт со вас преку страницата на членови.

ДАЛИ САКАТЕ ДА СТАНЕТЕ ЧЛЕН?

За да станете член на INThROugh мрежата, треба да пополните краток формулар за регистрација и да бидете одобрени од администраторите на платформата. За повеќе информации, кликнете го линкот подолу.

КАКО ДА СОЗДАДЕШ “GRASS-ROOT” ТИМ

Овој дел е посветен да ве води чекор-по-чекор за процесот на формирање на нов „grass-roots“ тим и да му овозможите да функционира до својот целосен потенцијал.

Grassroot тимови се важно средство во борбата за интеграција на образование во и преку спортови на локално ниво. Секој тим се состои од барем 3 членови од три клучни засегнати страни – локални спортски клубови, локални власти и локални младински организации. Ако вие припаѓате на едни од овие три засегнати страни, на вас останува да најдете двајца други членови на тимот, да воспоставите соработка со нив и да потпишете писмо за намери. Откако ќе го формирате тимот, слободно пишете ни за дополнителна поддршка и можности за вмрежување.

Проектот "INThROugh - Power of cross-sectoral synergy between education and sport" е кофинансиран од Erasmus+ програмата на Европската Унија.