ТРАНС-НАЦИОНАЛЕН СОСТАНОК ВО СКЛОП НА ПРОЕКТОТ “INTHROUGH” ВО ВРЊАЧКА БАЊА, СРБИЈА

Третиот транс-национален состанок во рамките на проектот “INThROugh – power of cross-sectoral synergy between education and sport” беше организиран во Врњачка Бања, Србија, од 16ти до 18ти декември, 2021. Беа присутни претставници на организации и спортски клубови од Србија, Хрватска и Северна Македонија кои го формираат проектниот конзорциум (НВО Либеро, НВО Интеркултура, НВО EduNorth Фудбалски клубВинер, Одбојкарски клуб Kitro и Кошаркарски клуб Церак).

Главната цел на овој транс-национален состанок беше да се изградат вештини на младинските организации за искористување на спортот како алатка за неформално образование на младите во сферите на меѓукултурниот дијалог, промоција на европските вредности и политики и зајакнување демократски принципи итн. Учесниците на состанокот ги анализираа постоечките методи на НФО со цел да се заклучи кој од нив може да се замени со спортски активности за да можат младите да останат активни за време на настаните. Исто така, сет на нови методологии основани на спортови беа развиени од нула од страна на претставници на младинските организации со поддршката и консултацијата со претставници на спортски клубови. Фокусот беше ставен на иновативни методи за тим билдинг, енерџајзери и градење на вештини, бидејќи тие, меѓу и други, го формираат јадрото на повеќето НФО настани.

Овие новоразвиени методологии базирани на спорт ќе бидат пилотирани во работата на 3 младински организации во рамките на проектот Конзорциум, со менторство и поддршка од 3 спортски клубови со седишта во нивните општини. После тоа ќе ги собереме и анализираме резултатите од пилот фазата со цел да утврдиме како методологиите за користење на спорт во НФО може дополнително да се подобрат.

Проектот “INThROugh” е поддржан од Erasmus+ програмата на Европската Унија.