ПЕТТИ ТРАНС-НАЦИОНАЛЕН СОСТАНОК СО INTHROUGH ПРОЕКТОТ ОДРЖАН ВО ВАРАЖДИН

Петтиот транс-национален состанок во рамките на проектот “INThROugh – the power of cross-sectoral synergy between education and sport” беше одржан во хрватскиот град Вараждин од 9 до 11 мај 2022.

Овој состанок беше организиран со цел да се воспостават основи и да се склучат договори со кои ќе се воспостави “INThROugh” мрежата, чија цел е да се обезебеди долгорочна меѓусекторска соработка помеѓу партнерските организации, спортските клубови и локалните власти кои беа дел од имплементацијата на проектот. Затоа во рамките на овој настан беше потпишано писмо за намери помеѓу засегнатите страни вклучени во проектот и беше јавно презентирано на прес-конференција. Исто така, во рамките на средбата беше организиран настан на отворено за млади, спортски тренери и обучувачи. Овој настан ги прикажа придобивките и влијанијата од користењето на методологиите развиени во рамките на проектот за интегрирање на спортот и образованието како алатки за промовирање на европските вредности.

Бидејќи овој состанок беше последниот што беше организиран во рамките на INThROugh проектот, тој исто така им даде можност на партнерите да извршат длабинска евалуација на резултатите и достигнувањата на проектот, да се дискутираат подготовката на финалниот извештај и да се дефинираат деталите за кампањата за застапување и социјални мрежи.

Проектот “INThROugh” е кофинансиран од Erasmus+ програмата на Европската Унија.