НФО ВО СПОРТ
РАЗМРДАЈ СЕ!
Времетраење: 60 минути
Целна група: Постари од 16 години – применливо за сите спортови
Големина на група: 10 – 30
Човечки ресурси: Еден фасилитатор на активностите
Потребен простор: Отворен простор (спортски терен, голема просторија или надвор)
Потребни материјали:
– Една долга врвка / лента
– Картички културисо улоги
– Испечатени изјави
Цели на сесијата:
• Борба против страв и неинформираност
• Да се негува емпатија кон другите
• Да се поттикне интеркултурниот дијалог
Опис:
Чекор 1 (10 минути):
Објаснете ја играта:
• Учесниците ќе добијат по една картичка со улоги. Тие треба да се обидат да ја замислат таа личност и да се замислат себеси во улогата. Ова може да бидат некои можни улоги:
– Вие сте муслимански спортист кој живее во земја каде што мнозинството луѓе се христијани.
– Вие припаѓате на малцинство со ограничени финансиски капацитети.
– Во вашиот град нема спортски терени и сали
– Вие сте единствената личност со црна боја на кожате во вашиот спортски тим.
– Штотуку се преселивте од Србија во Грција.
– Доаѓате од Африка и никогаш не сте имале шанса да научите некој спорт на училиште.
– Доаѓате од мало село во Намибија.
– Одите во спортско училиште во главниот град на вашата земја, со право на стипендија за играње кошарка.
Овие прашања се само индикативни – можете да ги менувате, додавате или елиминирате некои, од нив, како што сметате дека е потребно.
• Учесниците се редат на почетокот. Првата личност во редот го држи едниот крај од конецот, а секој што следи го држи и конецот, така што на крајот сите се „спојуваат“ заедно.
• Објаснете дека ќе прочитате некои изјави и секој учесник треба да направи чекор напред (додека е во низата) секогаш кога нивната улога соодветствува, односно лицето се пронаоѓа во таа изјава.
Чекор 2 (40 минути):
Започнете ја активноста:
• Направете неколку истегнувања за учесниците да се опуштат и да се чувствуваат пријатно и смирено.
• Побарајте од учесниците да изберат картичка со улоги, да ја прочитаат и да не ја споделуваат со остатокот од групата. Дајте им неколку минути време да размислат за нивната улога и да се обидат да се пронајдат себе си во неа со новододелената улога.
• Прочитајте ги изјавите:
– Во вашата култура ви е дозволено да носите сè што сакате.
– Никогаш не сте се чувствувале дискриминирани поради вашето потекло.
– Спортот е многу важен и високо промовиран во вашата земја.
– Никогаш не сте се чувствувале осамени или изолирани во тим.
– Во вашиот град има соодветни спортски објекти.
– Можете да си дозволите да ја купите сета спортска опрема што ви е потребна за вашите тренинзи.
– Можете да си дозволите да купувате нови обувки за обука секоја година.
– Можете совршено да го разберете и течно да го зборувате јазикот на земјата во која живеете.
– Луѓето знаат речиси сè за вашата култура, обичаите и традициите.
Овие изјави се само индикативни – можете да ги менувате, додавате или елиминирате некои, како што сакате.
* Голема е шансата додека се движите, конецот да се скине и учесниците да почнат да реагираат на тоа. Набљудувањето на нивните реакции (и подоцна размислувањето за нив) е дел од процесот.
Краток разговор: (10 минути)
Откако ќе заврши активноста, групата треба да го започне процесот на анализирање:
• Како се чувствуваа кога ги добија своите улоги? Дали сретнале некој во иста ситуација додека се занимавале со спорт?
• Како се чувствуваа кога чекореа напред или пак стоеја на место?
• Дали можат да ги откријат нивните меѓусебни улоги? Време е да ги откриеме!
• Дали чувствуваат дека нивните права се непочитувани или дека немаат пристап до нив?
Овие прашања се само индикативни- можете да ги менувате, додавате нови или елиминирате некои, по ваш избор.