Спорт во НФО
Краток преглед: Оваа вежба се нарекува „Експериментатори“ затоа што ја учи групата за стилови на учење при преземање на прв чекор. Ќе се презентираат различни стилови додека се игра кошарка и од учесниците ќе се побара да го одредат стилот што најмногу им одговара.
Категории на компетенции:
– Комуникација на мајчин јазик/странски јазик
– Способност за учење
– Социјални и општествени компетенции
– Културолошка свест, толеранција
Времетраење: 120 минути
Целна група: 16 и повеќе години
Учесници: 20-30 учесници
Материјали и опкружување:
– Кошаркарски терен
– 2 топки за кошарка
– 2 свирчиња
– Картички со стилови на учење и објаснување
– Маици/дресови за одделни тимови
– Компјутер, проектор
– Табла со листови хартија за пишување, маркери, самолепливи хартии
Подготовка:
Обезбедете чисто игралиште и надуени топки. Обезбедете доволен број на маици/дресови во различни бои за секој тим. подгответе картички однапред. Направете кратка презентација на стиловите на учење (дивергентен, асимилиран, конвергентен, приспособен) пред активноста.
Детален опис:
Чекор 01 – Детално објаснете ги правилата за играње фудбал. Научете ги учесниците на основите на движењето во фудбалот. Погрижете се сите да ја разберат играта. Поделете ги учесниците во тимови од 5 члена. Нека има еднаков број машки и женски учесници во секој тим. (15 мин.)
Чекор 02 – Спортско образование. Објаснете им на учесниците дека треба да играат фудбал и дека нивната единствена цел е победа. (10 мин.)
Чекор 03 – Образование со помош на спорт. Воведете нови правила во играта за да им го покажете овој концепт на учесниците. Правилата можат да бидат:
– Само жените можат да добијат поени,
– Секој играч мора да ја додаде топката за време на нападот,
– Мажите можат да шутираат на гол само со „послабата“ нога итн. (10 мин.)
Чекор 04
Воведете ја третата картичка – Образование преку спорт. Содржината на картичките може да биде како што следува (списокот не е ограничен):
– Поддржете го тимот силно и со возбуда,
– Саботирајте го вашиот тим, префрлете ја топката на друг тим,
– Викајте на оние што грешат,
– Бидете инклузивни, додајте на сите,
– Бидете невнимателни, не покажувајте интерес за играта итн. (10 мин.)
Чекор 05 – Барање повратна информација (30 min):
Започнете дискусија со учесниците после играта. Поставувајте им прашања како овие:
– Дали ви се допадна играта?
– Како беше првиот дел?
– Како беше вториот дел? Како се справивте со ограничувањата?
– Како изгледаше третиот дел? Како се чувствувавте во вашата улога?
– Како го доживеавте однесувањето на другите учесници?
– Дали и како би можеле да ја прилагодите комуникацијата со нив?
– Можете ли да се сетите на некои вакви ситуации во секојдневниот живот?
– Што научивте и како?
Варијации: Методологијата може да се имплементира преку различни групни спортови вклучувајќи кошарка или одбојка.