Спорт во НФО
Заклучок
Презентираните методологии се создадени со цел да се комбинира спортот и неформалното образование за повисока цел. Овој водич е дизајниран да има долгорочно влијание врз децата и адолесцентите, без оглед на нивното потекло, вештини и способности. Служи за да ги научи практичарите на НФО како да им ги покажат придобивките од спортот, не само како слободни активности, туку како одлични методи за постигнување општа благосостојба. Ние веруваме дека основните европски вредности се неизоставно вклучени во овој концепт, кој исто така ги усовршува и меките вештини на нашите идни лидери.
Ве покануваме да го користите овој водич како би усепале секогаш како приоритет да ги поставиме бенефитите од оваа програма за нашата целна група, младите. Методологиите наведени овде не мора да се следат по точниот редослед по кој се дадени или пак да се копираат буквално. Наместо тоа, истражувајте повеќе, одете чекор понапред, комбинирајте и прилагодувајте и пред сè, секогаш играјте.
На самиот крај, замислете ситуација во која спортска екипа би се состоела од играчи кои имаат иста физичка кондиција и способности, идентичен начин на размислување и ограничувања. Тоа не би било добро, нели? Затоа, поттикнете ги вашите учесници да го откријат својот уникатен потенцијал, да го негуваат и да работат заедно за да создадат одлични тимови.