Спорт во НФО
Краток преглед: Ова е стандарден квиз од типот „Точно/Неточно“, но заснован на фудбалски тренинг во кој се користат конуси (чуњеви). Учесниците се поделени во две групи и се натпреваруваат во квизот „Точно/Неточно“ на тема спорт во различни европски земји. Поставени се пречки од пластични конуси и двата тима се натпреваруваат кој прв ќе ги надмине а првиот кој ќе успее во тоа, треба да одговара на прашањето.
Категорија на компетентност:
– Комуникација на мајчин јазик/странски јазик
– Социјални и општествени компетенции, еднаквост во спортските активности
– Културолошка свест, меѓукултурен дијалог во спортот
Времетраење: 90 минути
Целна група: 12 и повеќе години
Учесници: играта може да се прилагоди на различен број учесници, а потребни се минимум 8 учесници.
Материјали и опкружување:
– Хартиени табли, маркери
– Најмалку 12 конуси
– 2 фудбалски или помали пластични топки ако играта се игра внатре.
Подготовка:
Направете квиз со доволен број прашања – барем двојно поголем од бројот на учесници – за да може секој да игра барем двапати. Прашањата треба да бидат смислени за да го тестираат знаењето на учесниците за достигнувањата и различностите низ долгата европска спортска историја. Прашањата треба да бидат јасни и лесно да можат да се одговорат со „Точно“ или „Неточно“. Целта е да се поттикне дијалог и интерес за оваа тема.
Детален опис:
Чекор 01 – Поделете ги учесниците во два тима. Во секој тим треба да има еднаков број на машки и женски играчи. Исто така, погрижете се да не останат вишок учесници, подеднакво распоредете ги меѓу групите. (5 мин.)
Чекор 02 – Ставете ги конусите во два реда со еднакво растојание помеѓу нив. Поставете ги така што учесниците ќе можат да ја водат топката со менување на насоката на движење секогаш кога ќе поминат еден конус. Оваа вежба се нарекува слалом. Објаснете им на тимовите дека целта е да се биде побрз од противникот. (5 мин.)
Чекор 03 – Отстапете простор на учесниците. Играта се игра во парови составени од играчи од различни тимови. Победникот од секоја игра може да одговори на прашањето со „Точно“ или „Неточно“. Ако одговорот е погрешен, противничкиот тим добива поен. (50 мин.)
Чекор 04 – Барање повратна информација (20 мин):
Започнете дискусија со учесниците после играта. Поставете им прашања како следните:
– Дали ви се допадна играта?
– Како го доживеавте однесувањето на другите учесници?
– Можете ли да ја прилагодите комуникацијата со нив и на кој начин?
– Што научивте и на кој начин?
– Дали сте заинтересирани за темата и дали сакате да дознаете повеќе за неа?
Варијации: Во зависност од времето што го имате на располагање, можете да им дозволите на учесниците да размислуваат за квиз прашања. Исто така, квизот може да опфати различни теми.