Спорт во НФО

• ВЕЖБИ ЗА ВЕШТИНИ

Краток преглед: Учесниците ќе ги научат разликите помеѓу три концепти: спортско образование, образование со помош на спорт и образование преку спорт. Ќе дознаат дека спортот може да биде добар метод за стекнување нови вештини и компетенции.

Погодно е да се запознаат учесниците со методологијата на почетокот на активноста за да можат да добијат поширока слика за концептот спорт во НФО.

Категорија на компетентност:

 Способност за учење, учење како да споделуваме знаење
 Комуникација на мајчин јазик/странски јазик
 Социјални и општествени компетенции, еднаквост, солидарност
 Културолошка свест, инклузија, толеранција

Времетраење: 75 минути

Целна група: 16 години и постари

Учесници: 10 и повеќе учесници

Материјали и опкружување:

– Помало фудбалско игралиште (надворешно или затворено)
– 2 фудбалски топки
– 2 свирчиња
– Картички со стилови на учење и објаснувања
– Маици/дресови за респределување по тимови
– Хартија табла, маркери, самолепливи хартии

Подготовка:
Погрижете се фудбалското игралиште да е чисто и да се надујат топките. Обезбедете доволно маици/дресови во различни бои за тимовите. Подгответе ги картичките однапред.

 

Детален опис:

Чекор 01 – Детално објаснете ги правилата за играње фудбал. Научете ги учесниците на основите на движењето во фудбалот. Погрижете се сите да ја разберат играта. Поделете ги учесниците во тимови од 5 члена. Нека има еднаков број машки и женски учесници во секој тим. (15 мин.)
Чекор 02 – Спортско образование. Објаснете им на учесниците дека треба да играат фудбал и дека нивната единствена цел е победа. (10 мин.)
Чекор 03 – Образование со помош на спорт. Воведете нови правила во играта за да им го покажете овој концепт на учесниците. Правилата можат да бидат:
– Само жените можат да добијат поени,
– Секој играч мора да ја додаде топката за време на нападот,
– Мажите можат да шутираат на гол само со „послабата“ нога итн. (10 мин.)
Чекор 04
Воведете ја третата картичка – Образование преку спорт. Содржината на картичките може да биде како што следува (списокот не е ограничен):
– Поддржете го тимот силно и со возбуда,
– Саботирајте го вашиот тим, префрлете ја топката на друг тим,
– Викајте на оние што грешат,
– Бидете инклузивни, додајте на сите,
– Бидете невнимателни, не покажувајте интерес за играта итн. (10 мин.)
Чекор 05 – Барање повратна информација (30 min):
Започнете дискусија со учесниците после играта. Поставувајте им прашања како овие:
– Дали ви се допадна играта?
– Како беше првиот дел?
– Како беше вториот дел? Како се справивте со ограничувањата?
– Како изгледаше третиот дел? Како се чувствувавте во вашата улога?
– Како го доживеавте однесувањето на другите учесници?
– Дали и како би можеле да ја прилагодите комуникацијата со нив?
– Можете ли да се сетите на некои вакви ситуации во секојдневниот живот?
– Што научивте и како?
Варијации: Методологијата може да се имплементира преку различни групни спортови вклучувајќи кошарка или одбојка.