НФО ВО СПОРТ
Почеток: едукативен спорт или спортска едукација?
Спортот е составен дел од развојот на децата и младите луѓе, и да не го ограничиме само на нив…спортот е дел од општествениот живот во целина. После се, покрај корисната улога на спортот врз нашето здравје и физичка благосостојба, спортот може да биде масовен начин на образование, градење на вештини и зајакнување. Интеракцијата, физичкиот и менталниот контакт помеѓу спортистите, здобивањето со знаење како да се однесуваме и да имаме рамнотежа во една група, соработката, носењето одлуки, но над се и пред се развивањето на чувство за солидарност, толеранција, разбирање и ценењес на вредностите на еднаквост, различност и мир и поддршка на општествената вклученост, се само неколку од корисните страни кои спортот може и треба да ги има врз младите спортисти. Посветеност и одговорност, водство и работа во тим, здрава/вистинска конкуренција и почит, справување со работа под притисок и раководење со време се само неколкуте од животните вештини со кои се сретнува едно дете или млада личност преку спортот. На овој начин, спортот се претвора во алатка за учење во текот на целиот живот, која преоѓа преку границитге на формалните образовни начини и нуди излез кон поефективни, повеќеслојни и поефикасни начини на учење.