НФО ВО СПОРТ

Почеток: едукативен спорт или спортска едукација?

Спортот е составен дел од развојот на децата и младите луѓе, и да не го ограничиме само на нив…спортот е дел од општествениот живот во целина. После се, покрај корисната улога на спортот врз нашето здравје и физичка благосостојба, спортот може да биде масовен начин на образование, градење на вештини и зајакнување. Интеракцијата, физичкиот и менталниот контакт помеѓу спортистите, здобивањето со знаење како да се однесуваме и да имаме рамнотежа во една група, соработката, носењето одлуки, но над се и пред се развивањето на чувство за солидарност, толеранција, разбирање и ценењес на вредностите на еднаквост, различност и мир и поддршка на општествената вклученост, се само неколку од корисните страни кои спортот може и треба да ги има врз младите спортисти. Посветеност и одговорност, водство и работа во тим, здрава/вистинска конкуренција и почит, справување со работа под притисок и раководење со време се само неколкуте од животните вештини со кои се сретнува едно дете или млада личност преку спортот. На овој начин, спортот се претвора во алатка за учење во текот на целиот живот, која преоѓа преку границитге на формалните образовни начини и нуди излез кон поефективни, повеќеслојни и поефикасни начини на учење.

Сепак, како би можело образованието да биде интегрирано во спортот? Како ќе може овој рецепт да функционира? Дали овие концепти се премногу спротивни или можат меѓусебно да се надополнуваат за да постигнат најдобар можен ефект?

Се до денес постојат извесни усилби од неколку засегнати страни или поединци и организации вклучени во спортскиот сектор со цел да развијат поструктуриран пристап за вклучување на неформалното образование во спортот. Веќе постојат добри пракси иако нивното спорадично спроведување го ограничува влијанието кое тие би можеле да го имаат. Од истите причини, се чини дека на фасилитаторите, предавачите, спортските тренери, како и спортските клубови и спортските организации им недостасуваат вештини и способности за да ги применат овие иницијативи и да ја искористат предноста од своето корисно влијание врз младите.

Токму поради овие причини e креирано ова Упатство, да служи како алатка која ќе Ве води чекор по чекор во процесот на вклучување на методите на неформалното образование во спортските активности, како и за подигање на способностите и вештините потребни за оваа предизвикувачка и напорна задача. Вклопувањето на оваа дополнителна димензија во Вашата работа без сомнение ќе Ве направи поатрактивен и влијателен не само за младите спортисти туку и за нивните родители или старатели а тоа пак ќе Ви даде дополнителна предност во споредба со други спортски клубови. Денес секако постои тенденција и кај самите родителите да изберат алтернативни форми на активност за своите деца каде би можеле да се комбинираат физичка активност со интелектуални вежби, јакнење на вештини и социјална интеракција, и на тој начин да ги заменат традиционалните и сувопарни методи на тренирање. Ние Ви гарантираме дека методите на неформалното образование во спортските програми може да дадат дополнителна искра која ќе ги привлече сите кои се вклучени во ова.

Со оглед на горе кажаното…..ако сте член или работите во некој спортски клуб или спортска организација, или сте доброволно вклучени во спортски активности или пак сте заинтересирани за примена на неформално образование во спортот, тогаш…Упатството е направено токму за Вас!