НФО ВО СПОРТ

НФО: покажи ми го твоето вистинско лице!

Најпрвин, потребно е да се запознаете со концептот на НФО и неговите елементи за да ги примените практично методите на НФО во Вашата работа. Затоа, да почнеме од тука.

Неформалното учење е учење кое е стекнато дополнително или како замена на формалното образование. Во некои случаеви, тоа е исто така структурирано во согласност со соодветни образовни и тренинг програми; како и да е, се карактеризира со флексибилност и тенденција за лесна прилагодливост кон потребите и барањата на својата целна група. Неформалното образование е оној вид на учење кое не е обезбедено од страна на образовна или тренинг институција и вообичаено за ваквиот вид на активности не се добива сертификат. Тоа е, сепак, добро структурирано и дефинирано во смисол на целите и времето за учење како и поддршката при учење; направено е плански и не претставува само случаен избор на активности чии цели и посакувани резултати се чинат нејасни и неодредени.

Всушност, се состои од неколку елементи, кои понекогаш се случува да бидат различни или слични со модели од формалното образование и нивните комбинации креираат единствено патување во учењето со понекогаш неочекувано позитивни резултати! Се прашувате кои се тие карактеристики?

Погледнете!