НФО ВО СПОРТ

НФО: покажи ми го твоето вистинско лице!

ИНТЕРАКЦИЈА
Клучен збор во сите методи на неформалното образование не е ништо друго туку…ИНТЕРАКЦИЈА! НФО не може да биде еднонасочно патување бидејќи бара активно учество и вклученост на сите луѓе кои учествуваат – тренери, фасилитатори, учесници. Нема место за едноставно набљудување, ниту пак за пасивно слушање на било кое ниво од процесот. НФО се базира и е прилагодено на потребите и желбите на учесниците кои ќе бидат ангажирани и вклучени во сите нивоа; оттука интеракцијата никогаш не е компонента која недостасува. Тимската рабоата, физичка активност, отворено изразување на нечие мислење, споделување и дебатирање, се составни делови од овој „жив организам“, кој е оформен според ставовите, врските и однесувањето на луѓето вклучени во него. Најкорисниот резултат од овој процес кој противречи на пасивните и сувопарни методи на формалното образование е дека учесниците ги унапредуваат социјалните вештини и стануваат поотворени кон другите.

ИНТЕГРИРАНО УЧЕЊЕ
Интегрираното учење ги истражува и користи информациите ефективно, овозможувајќи им на учесниците да интегрираат идеи и искуства и да ги применат за да создадат нови ситуации за учење. Резултатите од ваквото интегрирано учење со употреба на неформални образовни методи вклучуваат поттикнување на креативноста, прилагодливост, критичкото размислување и соработка како клучни особини на овој процес.

КРЕАТИВНОСТ
Генерално е прифатено дека креативноста ја буди внатрешната мотивација за учење, како кога некој е сосредоточен кон соодветна цел. Тогаш тој повеќе се ангажира во процесот на учење и има желба да ги изработи и исполни зададените задачи. Всушност, неформалното образование е во директна врска со креативноста, додека учесниците откриваат нови начини како да решат одредена задача и се насочени кон набљудување одредена тема или доаѓање до конкретен резултат преку изнаоѓање невообичаени и нови перспективи. Креативните методи на неформалното образование имаат моќ да го подобрат расположението, да ја зголемат самодовербата, да ги прошират когнитивните функции, да ги ублажат стресот и анксиозноста и секако….да ги подобрат социјалните вештини!

ЗАБАВА 
Исполнето со страст и забава, неформалното учење обезбедува одлична можност за учење преку активности кои се навистина пријатни, силно емотивни и базирани на активно учество и вклученост. Ги зближува луѓето и чувствувате како спонтано стекнувате знаења….дава незаборавно искуство во учењето!

РЕЛАКСИРАНА ОКОЛИНА
Традиционалното учењето се смета како активност во училница која се случува на веќе воспоставени, структурирани и формално организирани услови. Сепак, широко е прифатено мислењето дека ефективен начин на учење може да се постигне и надвор од вака одредените услови, што е спротивно на типичната пракса во формалното образование. НФО на учесниците им нуди сосема поинакво опкружување. Неформалното образование се случува надвор од опкружувањето на формалното учење, сепак во некој вид на организирана рамка. За некои учесници, ова може да понуди опкружување кое е поотворено и може да им овозможи целосно да се ангажираат во некоја тема, да се чувствуваат удобно кога се изразуваат себеси, да се релаксираат и да бидат релаксирани и отворени.

НАСОЧЕНОСТ КОН УЧЕНИКОТ
Во NFE акцентот е ставен на учењето наместо на наставата. Ученикот учествува во одредувањето на образовните цели и врши суштинска контрола врз содржината и методите што треба да се применат, што доведува до креирање самосвест и стекнување моќ да се контролира околината. Освен тоа, она што го учат учесниците е важно за нивниот живот како ученици, како и за потребите на општеството, но секогаш е соодветно на нивото на развој на ученикот, при што се воведуваат нови содржини и искуства кога ученикот е подготвен да сподели. Како резултат на тоа, неформалното образование завршува како многу пофлексибилен метод на учење во споредба со пристапот на формалното образование, кој е регулиран по дефиниција.

Дали сето ова звучи малку познато? Но, се разбира! Методите во спортот и неформално образование имаат многу заеднички карактеристики и тоа е причината зошто тие толку хармонично се поддржуваат еден со друг. Меѓутоа, овие сличности не се однесуваат само на самиот процес на учење, туку можат да се најдат и кај клучните актери во овој процес. Фасилитаторите и обучувачите во практиките на НФО често вклучуваат спортски активности во тек на учењето, додека тренерите, инструкторите и спортските ментори применуваат методи на НФО – дури и без да го сфатат тоа во некои прилики! Всушност, нивните улоги се прилично испреплетени и се содржани во самиот „тренинг процес“.

Кога веќе зборуваме за тоа, иако не постои општа дефиниција за „обука“, таа може да се однесува на различни процеси и активности во зависност од контекстот во кој се одвива како и од целите и вредностите на оние кои ги спроведиваат, иако одредени карактеристики и општи елементи можат да бидат применливи за која било обука.