Спорт во НФО
Конкретни примери на методологија
ИГРА ЗА СТИМУЛИРАЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА: МОЈОТ ОМИЛЕН СПОРТИСТ
Краток преглед: Играта се игра на почетокот на првиот ден од обуката како метод за запознавање со учесниците и подигање енергија во тек на секојдневни активности.
Категорија на компетентност: Комуникација на мајчин/странски јазик
Траење: 30 минути
Целна група: Било која старосна група
Учесници: 8-30 учесници
Материјали и опкружување: Една мека топка погодна за фрлање во собата.
Подготовка: Не е потребна подготовка за оваа игра
ДЕТАЛЕН ОПИС
Чекор 01 – Замолете ги сите учесници да станат и да формираат голем круг каде сите гледаат кон центарот. Потоа замолете ги да го кажат своето име еден по еден.
Чекор 02– Објаснете ја првата фаза од играта. Учесникот треба да го каже името и да ја фрли топката на личноста со тоа име. Фаќачот треба да одговори со изговарање на името на фрлачот. Ако некој од нив погреши, тој е надвор од игра. Оставете ги учесниците да ја играат играта. (10 мин.)
Чекор 03– Објаснете ја втората фаза од играта. Учесниците треба да го кажат името на нивниот омилен спортист. Исто така треба накратко да објасни зошто ја ценат таа личност. Треба да наведат некои нејзини посебни вештини, работа, значајни работи кои ги направил и слично. Остатокот од натпреварот останува ист како во првата фаза. (10 мин.)
Чекор 04– Искористете ја позитивната енергија создадена во текот на оваа игра до крајот на денот.
Варијации: Наместо името на спортистот, можете да побарате од учесниците да ја играат играта со наведување на нивните омилени спортски тимови или дури и омилени спортови. Последново е посоодветно за помали групи за да нема многу повторувања.