Спорт во НФО
Спортот како алатка за градење тим, зголемување на енергија и развој на вештини
Досега го истражувавме влијанието на физичката активност врз поединците и нивните заедници. Меѓутоа, покрај евидентните здравствени придобивки и очекуванто позитивно влијание врз општеството, спортот може да биде и корисна алатка за забрзување на вмрежувањето меѓу членовите на групата кои работат заедно со специфична цел но пак е различна од победа при некоја спортска игра. Некои добри примери за ова се активности за градење тим, активности за зголемување на енергијата, како и активности за развој на вештини во рамките на програмата за неформално образование.
За време на градењето тим, од членовите се бара да учествуваат во активности кои се дел од процес кој е дизајниран да ја подобри динамиката на групата. Денес концептот на градење тим се користи во голема мера во компании кои негуваат здрава работна средина. Овие активности се исто така креирани за да влијаат на зголемување на задоволството на вработените, продуктивноста, како и последователниот раст на профитот.
Групната кохезија е еден од клучните аспекти што одредува дали обука или друг настан од областа на НФО ќе биде успешен или не. Општо земено, кохезијата ја претставува силата на врската помеѓу членовите на групата или, неформално, степенот до кој членовите се држат заедно. Тимската кохезија постигната преку физичка активност не само што влијае на перформансите, туку може да се пренесе и на социјалните односи во иднина. Кохезијата може да се гледа и од поширока перспектива. Позната е Кохезионата политика на Европската Унија, која ги претставува основните развојни принципи на ЕУ кои имаат за цел да ги намалат разликите и да ја спречат поларизацијата. Со други зборови, таа е креирана да ja поттикне благосостојбата во сите региони на Унијата.
Не само што преку кохезија се постигнува еднаков развој туку и други европски цели и вредности кои се вкоренети во спортот како солидарнос, вклученост, еднаквост и мир. Доближувањето на овие вредности до младите може да се негува преку структурирани активности засновани на спорт. Во следниот дел, ќе ги истражиме можните активности дизајнирани за оваа намена. Запомнете дека овие активности се креирани со помош на спортски активности кои во случајов се користат како средство. Тоа значи дека фокусот не треба да биде на конкурецијата, туку на стекнувањето нови знаења и вештини.