НФО ВО СПОРТ
Чекор 2: Три! Два! Еден! Сега……
Погледнете! Време е да го имплементирате НФО методот што сте го избрале во вашата спортска сесија. Сепак, работата сè уште не е завршена! Секоја фаза низ која ќе поминете бара одреден напор и носи список со задачи што треба да се следи, со цел да се добијат некои позитивни резултати и да се остави процесот да се одвива без проблеми, без непријатни изненадувања. Со цел да ви олесниме, развивме три различни мапи за да ве водиме и да ви помогнеме успешно да го олесните процесот. Погледнете!
Мапа: ПРЕД
1. Запознај се со процесот: вие ќе бидете водач/фасилитатор при одвивање на активноста, така што треба да се чувствувате удобно, како и доволно самоуверени за да ги поддржите вашите млади спортисти. Погрижете се целосно да го разберете секој чекор од вашиот метод и да се подготвите да одговарате на прашања, да давате појаснувања и да објасните детали.
2. Побарајте помош: првичната идеја можеби била ваша, иако тоа не значи дека треба сами да го носите товарот. Доколку ви треба, замолете ги вашите колеги да ви помогнат, да ве поддржат и да ви помогнат непречено да го водите процесот.
3. Подгответе ги потребните материјали: многу активности во НФО бараат соодветни материјали за да се спроведат. Во нашиот случај, тоа може да биде спортска опрема (кошули, топки, конуси, ластици, итн.) или предмети кои не се директно поврзани со спортски активности (столици, табла за пишување, играчки итн.). Направете список однапред и понесете го со вас.
4. Подгответе го вашиот простор: Имајќи предвид дека можеби сте избрале метод или активност за која се потребни посебна услови, погрижете се соодветно да го уредите вашиот простор. Препорачливо е да го направите тоа однапред и да не го оставите во последен момент, ризикувајќи да го изгубите драгоценото време од вашата сесија.
5. Земете ги во предвид можните ризици: Да се надеваме дека се ќе биде така како што треба. Сепак, треба да се обидете да размислите за можните ризици што може да ја загрозат оваа иницијатива (на пр. лошо време, повреда, премногу/малку спортисти итн.). Важно е да бидете подготвени и да ја минимизирате веројатноста од овие ризици колку што е можно повеќе.
6. План Б: Стискаме палци дека се ќе биде во ред! Но, што ако не е така? Доколку имате соодветен друг избор тоа ќе ви даде дополнителна самодоверба и ќе ве ослободи од стрес, како и ќе овозможи сигурно излезно решение доколку нешто тргне наопаку.