НФО ВО СПОРТ

Мапа: ЗА ВРЕМЕ НА

1. Покажете малку страст!- бидете ревносен, смејте се и внесете се во самиот процес! Вие сте единствената личност со авторитет во овој случај и вашите млади спортисти е потребно да го следат вашиот пример.
2.. Направете пауза пред да дејствувате! – одвојте една минута пред да реагирате ако нешто тргне наопаку. Вдишете длабоко! Тоа навистина ќе нарави разлика!
3. Прифатете го неочекуваното! – колку и да се обидувате да договорите сè однапред, некои работи неочекувано се случуваат, сепак се ќе биде како што треба. На крајот на краиштата…тоа ќе ги размрда работите!
4. Советувајте се со вашиот тим! – побарајте мислење и поддршка од вашите колеги кога ви е потребно. Запомнете: сите сте заедно во ова!
5. Прифатете ги вашите несовршености! – дури и ако не успеете да го решите проблемот, секогаш има простор за подобрување! Сите сме луѓе, на крајот на краиштата!
6. Бидете флексибилни! – ефикасноста и прилагодливоста се клучот за успехот. Обидете се да најдете практични начини да ги надминете сите тешкотии и погрижете се да ја приспособите вашата почетна идеја на потребите и желбите на вашите млади спортисти на лице место.
7. Сите заедно! – имајте на ум секогаш дека ова го правите за да им понудите единствено доживување на вашите спортисти. Значи, погрижете се сите да учествуваат подеднакво или барем да имаат еднаков простор да се вклучат и да се изразат.
8. Имајте јасна цел! – најпрвин потсетете се зошто решивте да го направите ова. Обидете се да не бидете обземени од процесот бидејќи постои шанса да не ја видите шумата од дрвјата. Обидете се да ја вратите групата на главната цел на вашата иницијатива, дури и ако случајно се изгубат попатно. Погрижете се да им дадете јасна и прецизна порака!