НФО ВО СПОРТ
Мапа: ПОТОА
1. Краток разговор – активноста ќе стане бесмислена ако го запрете процесот во фаза на имплементација. Најклучната точка на НФО е краткиот разговор – моментот кога ги вклучувате учесниците (во нашиот случај млади спортисти) во дискусија за сумирање на сè што се случило, укажување на научената лекција во процесот и давање коментари за општото искуство.
2. Навраќање/Рефлектирање – како се чувствуваше вашата целна група? Како се оценуваат себеси? Какви емоции доживеале, што било тешко, лесно, интересно, возбудливо или изненадувачки? Дали се задоволни од нивниот настап? Понудете им време и простор да се отворат и да размислуваат за сè што се случило.
3. Оценка: како им беше ова искуство? Дали чувствуваат дека е вредно или бесмислено? Што тргна наопаку (ако има такви моменти) или што беше одлично во процесот? Дали препознаваат некакви придобивки од ова искуство?
4. Повратни иформации Нема подобар советник за Вас од вашата целна група која директно учествувала во вашата иницијатива. Замолете ги да бидат отворени и да ги споделат своите идеи за тоа што треба да се подобри и како. Или дури и што би сакале да искусат во иднина во овој поглед.
5. Награда не заборавајте дека вашите млади спортисти ве придружуваа на ова патување и беа подготвени да бидат вклучени и да ве следат во процесот. Тие покажаа доверба во вас, интерес за вашата идеја и ги исполнија сите доделени задачи. Никогаш не е премногу да ги наградите со добар збор за нивното учество и активно вклучување и да им дадете до знаење дека го признавате и цените нивното присуство.