НФО ВО СПОРТ

Чекор 3: Бидете супер херој!

Да се биде давател на услуги (тренер, подучувач, волонтер, гимнастичар или сл.) само по себе е доста напорна и улога коа бара многу вложување. Освен знаења поврзани со спортот, вие сте и воспитувач, учител, ментор, понекогаш дури и родител и пријател на вашите млади спортисти, кои гледаат во вас и слепо Ви веруваат. Оваа улога бара одредени вештини и капацитети, особено кога на сето ова ќе се додаде и улогата на инструктор во НФО и фасилитатор. Еве краток список со неколку вештини што треба да ги стекнете или дополнително да ги вежбате за да успеете во оваа ваша улога на повеќе нивоа и да го направите најдоброто за вашите млади спортисти:

А. Олеснување на процесот (Фасилитирање)
Несомнено во вашата работа како спортист сте практикувале вештини за олеснување во неколку контексти: за време на тренинг, игра, настани итн. Олеснувањето е еднакво на сите вештини што треба да ги поседувате за да се спроведе успешен тренинг или активност без оглед на големината на целната група или контекстот на обуката. Само на овој начин би ја постигнале целта:
• Чувствувајте се удобно со активноста на НФО што сте ја одбрале, во спротивно ниту вашата група нема да се чувствува пријатно!
• Обидете се да привлечете и вклучите немотивирани или негативни учесници – обидете се да откриете зошто се скептични или се двоумат да комуницираат со групата.
• Поставете некои граници – важно е да креирате атмосфера сите учесници да се чувствуваат безбедно кога сакаат да се изразат, па затоа треба да внимавате на учесниците кои се насочени кон тоа да преовладуваат над другите!

 

Б. Вештини за презентирање
Вашата улога на тренер/фасилитатор ве претвора во авторитативна личност, која неколку пати ќе биде во центарот на вниманието. Затоа, треба да бидете сигурни дека вашето присуство ја одржува вашата публика ангажирана:
• Бидете позитивни – насмевнете се многу, бидете отворени и пристапни. Расположението на групата зависи од вас!
• Користете самоуверен тон на гласот – никој не сака да слуша некој што едвај можат да го слушнат и разберат.
• Одржувајте контакт со очите за да ја вклучите вашата публика и да го задржите нивното внимание.

В. Групна динамика
Разбирањето на динамиката на вашата публика, каде стои, што им треба, како комуницираат е витален дел од вашата улога и се проширува на неколку нивоа:
• Справување со конфликти: добро знаете дека несогласувањата, расправиите, напнатоста или дури и тепачките се вообичаена работа на спортскиот терен. Користете ја вашата харизма за да управувате со овие инциденти и да го вратите мирот во групата.
• Одржете го позитивниот дух – може да се појават замор и досада, особено кога е потребна физичка вежба. Обидете се да го почувствувате темпото на групата и да најдете креативни начини да им дадете одмор на вашите спортисти, да им се насмеете кратко или да им дадете енергија за да останат активни.