НФО ВО СПОРТ

Г. ЕТИКА
Секоја успешна групна иницијатива треба да биде водена од одредени вредности и принципи поставени од групата и почитувани во текот на процесот. Се разбира, ова не се однесува само на вашите млади спортисти, туку ве вклучува и вас како нивен лидер:
• Бидете пример: бидете точно на време, добро подготвени и однесувајте се примерно.
• Бидете професионални: бидете добро подготвени да одговорите на секое прашање поставено од вашите учесници.
• Почитувајте ги вашите колеги, учесници, како и нивните избори и одлуки, дури и ако лично не се согласувате со нив.
• Промовирајте ја безбедноста на учесниците (физичка и психолошка).
• Поставете граници – важно е да развиете добра врска со учесниците, но сепак, погрижете се да поставите некои ограничувања за да ги задржите улогите дефинирани.

Д. Водство
Вашата улога во овој контекст е по дефиниција споделување на неколку лидерски карактеристики. Се разбира, тоа не значи дека треба да се чувствувате супериорно и да им наметнувате ограничувања или обврски на вашите спортисти (ова во никој случај не е суштина на спортскиот дух или духот на неформалното образование), туку значи дека вие го носите товарот да ја играте оваа улога што е можно подобра. Со други зборови, потребно е да…
• Имате самодоверба: бидете сигурни во она што го правите и проектирајте ја оваа вербална и невербална самоувереност на вашата група.
• Управувате со деликатните разговори на начин на кој би умееле да ги почувствувате знаците од можен иден конфликт или незадоволство и одржувајте одредено ниво на безбедност за сите учесници.
• Управувајте со вашиот стрес – и стресот на другите! Не дозволувајте вашата анксиозност да ги надвладее другите ваши вештини и сигурно ќе напредувате!

 

Овие вештини ќе ви помогнат успешно да ја извршувате вашата двојна улога на некој кој нуди спорт и НФО и сигурно ќе им помогнат на вашите млади спортисти да уживаат во ова едукативно искуство.

Но, ако сè уште се прашувате како методот на НФО може да се комбинира со традиционалните спортски активности, одговорот го имаме токму овде!