НФО ВО СПОРТ

Методологија и примери – ДАЛИ СИ ТИ ТОЈ?

Методологија и примери – ДАЛИ СИ ТИ ТОЈ?

Времетраење: 45 минути
Целна група:Постари од 8 години – применливо за сите спортови
Големина на група: Најмалку 10 учесници
Човечки ресурси: Еден фасилитатор на активностите
Потребен простор:Отворен простор (спортски терен, голема просторија или надвор)
Потребниматеријали
: Конуси, столови или други предмети кои можат да бидат употребен како „препреки“
Топки (еднаков број со бројот на учесници)
Самолеплива лента
Комплет карти со улоги (еднаков број со бројот на учесници)

 

Цели на сесијата:
• да се истражат ефектите од ексклузивно групирање врз поединец или група луѓе
• да истражиме како реагираме кога би биле отфрлени од средината и какво е чувството да се припаѓа на група
• да понуди целокупно знаење во однос на значењето на тоа што претставува вклученост во група, отфрлање и интеграција

Опис:

Чекор 1 (подготовка пред активноста):

Подгответе го просторот/материјалите:
• подгответе картички за улоги еднакви на бројот на играчи. На тој начин, би ги пделиле играчите во два тима: ТИМ А и ТИМ Б. Некои картички со улоги ќе имаат дополнителен коментар, како што се:
– ТИМ А – глув личност
– ТИМ Б – личност со една нога
– ТИМ А – слепа личност
– ТИМ Б – личност која не го познава јазикот
– ТИМ А – постара личност, итн.
Во секоја група од 10 играчи треба да има најмалку 3 играчи со дополнителни карактеристики. Можете да ги прилагодите соодветно или да додадете нови карактеристики.
• нацртајте права линија на теренот користејќи самолеплива лента и слична линија на другата страна на теренот. Линиите ќе служат како почетна точка и целна линија за вашата игра.
• Ставете ги конусите/столовите/предметите во просторот помеѓу линиите на неструктуриран начин за да им отежни на играчите да одат директно од едната до другата линија.

Чекор 2 (10 минути)
Објаснете ја активноста:
• на секој играч дајте му по една топка
• по случаен избор, дистрибуирајте ги картичките со улоги на играчите, кои треба да ја чуваат својата улога (и посебната карактеристика) во тајност. Фасилитаторот не треба да открива дека има некои посебни улоги.
• Целта на играта е играчите да успеат да стигнат до целта одејќи го растојанието помеѓу линиите.
• Играчите не смеат да ги допираат, да се движат или да ги префрлаат пречките, освен ако фасилитаторот не го каже тоа.
• Играчите треба да ги следат наредбите на фасилитаторот и веднаш да застанат кога фасилитаторот ќе плесне со раце.
• Играчите се поставени зад стартната линија и се подготвуваат да ги следат наредбите. Оние кои имаат посебни улоги треба да се однесуваат точно како што бара нивната улога.

Чекор 3 (20 минути):
Фасилитаторот бара од играчите да почнат да одат и при тоа да прават различни движења (удирање на топката по земја, држење на топката во десната/левата рака, туркање на топката со нозете итн.). Секој пат кога фасилитаторот ќе заплеска со рацете, играчите треба да застанат и да ги следат следните чекори.

Краток разговор: (15 минути)
Идејата за оваа активност не е да се победи, затоа не се очекува играчите навистина да стигнат до целта. Тие треба да сфатат какво е чувството да се припаѓа на група или да се биде исклучен од која било причина. Откако ќе заврши активноста, групата треба да го започне процесот на краток разговор (дебрифинг):
• Што мислите за оваа активност? Дали забележавте нешто непријатно додека играте?
• Што мислите, кој имаше посебна улога и која беше таа?
• Како реагиравте кога (ако) го забележавте тоа? Дали направивте нешто за да ги поддржите вашите колеги?
• За оние со посебни улоги, дали уживавте во играта? Дали ви беше тешко да следите? Како се чувствувавте? Зошто?
• Дали некогаш сте доживеале нешто слично додека спортувате? Дали реагиравте и дали им помагавте на оние на кои им е потребна помош?
Овие прашања се само индикативни – можете да ги менувате, додавате нови или елиминирате некои, по ваш избор.