НФО ВО СПОРТ

ТРКАЛАЈТЕ ЈА ТОПКАТА!

Времетраење: 45 минути
Целна група: Постари од 13 години – применливо за сите спортови
Големина на група: Најмалку 10 учесници
Човечки ресурси: Двајца фасилитатори на активностите
Потребен простор: Отворен простор (спортски терен, голема просторија или надвор)
Потребни материјали:
– 2 топки
– Самолеплива лента (по избор)
– 2 свирчиња

 

    Цели на сесијата:
    • Препознавање на важноста на тимската работа и соработка
    • Почитување на спортските официјални лица и судии
    • Препознавање на спротивната страна како неопходен дел од демократијата

    Опис:

    Чекор 1 (10 минути):
    Објаснете ја играта:
    • Направете два големи круга во дворот користејќи самолеплива лента. Тие треба да бидат доволно големи за да им понудат простор на учесниците да играат со топката (Големината на круговите треба да се прилагоди на барањата на секој спорт. Алтернативно, можете да ги користите веќе создадените квадрати/линии на теренот за редовните спортси активности).
    • Учесниците се подеднакво поделени во 2 групи – Тим А и Тим Б, кои ќе се натпреваруваат еден против друг.
    • Изберете по еден волонтер од секоја група и доделете му ја улогата на судија. Секој судија има свирче.
    • Судиите треба да ги сменат местата (судијата избран од тимот А треба да суди за тимот Б, а судијата избран од тимот Б треба да суди на тимот А).
    • Фасилитаторите ги поставуваат правилата на играта: топката треба да продолжи да се тркала внатре во кругот (на пр. одбојка: топката треба да се удира со две раце, кошарка: можете да ја дадете топката само откако ќе удри на земја барем еднаш, фудбал: можете да ја додавате топката само со левата нога итн.).
    • Судиите треба да се погрижат членовите на тимот да ги следат општите правила за да освојат еден поен. Секој пат кога ќе направат грешка, се губи поен. Фасилитаторите го запишуваат резултатот според одлуките на судиите.
    • Тимот што ќе добие повисок резултат победува.

    Чекор 2 (25 минути):
    Започнете ја активноста:
    • Пред да започне активноста, фасилитаторите насамо разговараат со судиите. Тие имаат тајна улога! Секој пат кога фасилитаторите прават одреден гест (на пр. допирање на косата, кашлање итн.) судиите треба да најдат начин да ја расипат играта. Тие треба да се договорат и за сигналот што значи „вратете се во нормала“. Сепак, играчите не смеат да ја знаат оваа тајна! На пример, тие можат:
    – да свирнат и да ја прекинат играта без причина.
    – да го напуштат кругот и да не ја следат играта.
    – да го одвлечат вниманието на некои играчи.
    – да ја фрлат топката надвор од кругот итн.

    Овие примери се само индикативни- можете да ги менувате, додавате нови или елиминирате некои, по ваш избор.

    • Додека играат екипите, судиите во тајна соработка со фасилитаторите (по еден фасилитатор за секој тим) ја извршуваат својата улога.

    Краток разговор: (10 минути)

    Откако ќе заврши активноста, групата треба да го започне процесот на анализирање:
    • Како се чувствуваа кога се натпреваруваа со другиот тим? Дали беше забавно, интересно и возбудливо?
    • Дали би било подеднакво пријатно ако немаат со кого да се натпреваруваат?
    • Како се чувствуваа во врска со настапот на судиите? Дали забележале нешто чудно или необично?
    • Како се чувствуваа во врска со соработката со членовите на нивниот тим? Дали би било можно да ја постигнат својата цел како тим ако не соработуваат? Дали нивната тимска работа беше успешна?
    Овие прашања се само индикативни- можете да ги менувате, додавате нови или елиминирате некои, по ваш избор.