НФО ВО СПОРТ

СИТЕ ЗА ЕДЕН И ЕДЕН ЗА СИТЕ!

Времетраење: 30 минути
Целна група: Постари од 13 години – применливо за сите спортови
Големина на група: Најмалку 10 учесници
Човечки ресурси: Еден фасилитатор на активностите
Потребен простор: Отворен простор (спортски терен, голема просторија или надвор)
Потребни материјали:
– Самолеплива лента (по избор)
– 1 мерач на време (по избор)

 

     

    Цели на сесијата:
    • Да се поттикне севкупниот тимски успех
    • Да се гради доверба
    • Да се поттикне соработка и тимска работа

     

    Опис (20 минути)

    Учесниците стојат во круг (направен со самолеплива лента) или во рамките на теренот и од нив се бара да се мешаат додека фасилитаторот не им даде знак со плеснување на рацете. Во тој момент учесниците престануваат со движење и се обидуваат да се држат за рака со едно лице кое се наоѓа спротивно од нив во кругот. Повторете го процесот, така што секој учесник се држи за раце со една различна личност од секоја страна. Како резултат на тоа, групата ќе создаде огромен човечки јазол и нивната цел е да го решат. Правила:
    • Тие не треба да ги пуштат рацете поради било каква причина.
    • Тие не треба да нагазат на самолепливата лента/теренски линии во било кој момент.
    • Било кое друго правило поставено од страна на фасилитаторот на активноста

    За да ја направите играта уште потешка, можете да им дадете ограничено време да го отплеткаат јазолот.

     

    Краток разговор (10 minutes)
    Откако ќе заврши активноста, групата треба да го започне процесот на анализирање:
    • Како се чувствуваа за време на активноста?
    • Како го оценуваат нивото на соработка?
    • Дали имаа потешкотии во остварувањето на целта и како ги надминаа?
    • Како донесуваа одлуки?
    • Какво е чувството кога успеале или не успеале?
    • Кои од овие принципи може да бидат применети во Вашиот спорт?
    Овие прашања се само индикативни- можете да ги менувате, додавате нови или елиминирате некои, по ваш избор.