НФО ВО СПОРТ

Конкретните или директните искуства кои сите ние ги имаме обезбедуваат материјали за набљудување и размислување, кои на крајот водат до извршување и формирање на апстрактни концепти. Апстрактните концепти пак од нивна страна можат активно да се искористат во нови средини и следствено создаваат искуства, како што е прикажано на дијаграмот.

Искуственото учење ги содржи следниве елементи:

• Искуствата се внимателно избрани поради нивниот потенцијал од кој може да се учи.
• Ученикот е активно вклучен во поставувањето прашања, истражување, експериментирање, љубопитен е, решава проблеми, превзема одговорност, креативен е и учествува во создавањето на значење и е мотивиан да превзема иницијатива, одлучува и е одговорен за резултатите.
• Размислување за наученото за време и по стекнатото искуство кое води до анализа, критичко размислување и синтеза.
• Учениците се ангажирани интелектуално, емоционално, социјално и/или физички, што доведува до перцепција дека задачите кои треба да се научат се автентични.
• Врски кои се развиваат и негуваат: ученикот со самиот себе, ученикот со останатите и ученикот со светот околу него воопшто.

За време на искуственото учење, улогата на фасилитаторот (во нашиот случај исто така улогата на спортскиот тренер) е да:

• Одбере соодветни искуства кои одговараат на критериумите наведени погоре.
• Постави проблеми/задачи, одреди граници, даде поддршка на учениците, обезбеди соодветни извори, физичка и емоционална безбедност, помага во процесот на учење.
• Препознава и охрабрува спонтани можности за учење, се насочува кон предизвици, прави обиди (кои не ги ставаат во опасност останатите учесници) и открива решенија.
• Помага на ученикот да ја забележи поврзаноста помеѓу две значења, помеѓу теорија и искуство и поттикнува повторување на вакво преиспитување.

Сепак, искуственото учење треба да се води според одредени принципи и да биде особено структурирано и покрај неговата флексибилност и флуидност. Така, некои од најзначајните се: специфичната намера, автентичност, планирање, јасност, ориентација и тренирање, набљудување и процена, постојано усовршување, процена и препознавање.

„Не е доволно само да се настојува на потребата од искуство. Она што е најзначајно е квалитетот на искуството.“
John Dewey