НФО ВО СПОРТ

Нарекувај ме твој тренер

Од друга страна, тренерите се „водачи“ на секоја спортска активност и многу повеќе од едноставни „фасилитатори“. Ајде да ги погледнеме основните аспекти на нивната улога и вештините што треба да ги имаат!

Во исто време, работата на спортскиот тренер е персонализиран процес, со оглед на тоа дека се подразбира дека нема двајца исти луѓе и се заснова на теоријата дека секој човек има специфична база на знаење и темпо и стил на учење; затоа, учесниците напредуваат со сопствено индивидуално темпо.

Покрај тоа, подучувањето (коучингот) може да послужи како соодветен форум за лични повратни информации и за согледување на силните и слабите страни на учесникот. Спортскиот тренер ќе ги разјасни областите кои треба да се подобрат и ќе се увери дека поединецот ги разбира и може да ги постигне промените што би биле потребни за да учесникот се придвижи од сегашната состојба во понапредна, односно подобра состојба. За време на коучинг процесот, тренерот го поттикнува и поддржува учесникот, му дава повратни информации за областите кои добро функционираат и оние на кои сè уште може да им треба подобрување. Ако тренерот види дека учесникот се враќа „по старо“, се дискутира за тоа што треба да се направи за да се одржи посакуваното однесување. Со оглед на тоа дека работат и како ментори, тренерите често играат улога на доверливи советници или водичи, наставници, тутори или едноставно некој кој лично е заинтересиран за напредокот на младиот човек, следствено нуди корисни совети и насоки. Затоа, нивната улога бара вештини на активно слушање, отвореност, доверба, посветеност и емоционална зрелост.